Пет полициски службеници беа повредени синоќа во немири во Белфаст заради поставување ирско знаме блилзу претежно пробританско подрачје.
– Повеќе од 100 млади луѓе фрлаа камења и шишиња врз полицајци во Њутаунбеј, северно предградие на Белфаст. Запален е еден автомобил, изјави портпарол на полицијата.
Проблемите почнале откако пробритански млади луѓе се обиделе да го симнат ирското знаме ставено на столб на улично осветлување.
Со мировен договор од 1998 година воглавно беше завршено децениски долгото верско насилство во Северна Ирска меѓу католици и ирски националисти кои бараат унија со Ирска и претежно британски лојалисти кои се за останување во Обединетото кралство.
Во декември лојалисти почнаа немири по одлука на градско собрание во која ирски националисти имаат мнозинство, за симнување знаме на Обединетото кралство пред Собранието.