Пет најлоши мексикански нарко картели

Од:

Во Соединетите Мексикански Држави со години трае војна против нарко картелите, кои прават се за да останат на врвот. Неодамна членовите на картелите признаа дека убиле 43 студенти, што предизвика протести во земјата.

На југот се запалени повеќе возила, на седиштето на регионалната влада фрлени се запалливи бомби, а во престолнината гореше капијата на претседателската палата. Ви ги претставуваме петте најозлогласени мексикански нарко картели.

Лос Зетас

Оваа криминална група се нарекла со ова име според тактичкиот радио-сигнал за командирите во мексиканската војска. Картелот е основан во 1999 година, кога командосите на една единица на Војската на Мексико дезертирале и почнале соработка на трговија на дрога со Заливскиот картел.

Во 2010 година, Лос Зетасите се одвоиле од Заливскиот картел за да основаат сопствена банда која САД ја сметаат за технолошки најразвиен, софистициран и најопасен картел кој оперира во Мексико.

– Зетасите очигледно ја преземаа главната улога, тие се одговорни за најмногу убиства поврзани за дрогата, обезглавување, киднапирање и рекетирање во Мексико – рече шефот за Мексико и Централна Америка во Управата за спречување на дрога ДЕА, Ралф Рејес, откако картелот го уби началникот на полицијата, неговата жена и четирите деца во Веракруз.

Лос Зетас прво беше основан на воени принципи, но групата сега има деловна структура со квартални состаноци, деловни книги, па дури и гласања околу клучни атентати.

Лос Зетас исто така поставуваше видео снимки на интернет во кои се гледа убивање на луѓе. Во една од снимките поставена во 2013 година, група маскирани мажи обезглавиле четири жени кои наводно биле поврзани со соперничкиот клан Заливскиот картел. Иста судбина доживеала уште една жена, која наводно била членка на Заливскиот картел, која ја обезглавил маж кој потоа ја земал нејзината глава како трофеј пред камерите.

Зетасите извеле многу други масакри против цивили и други членови на банди, како гранатирањето во Морелија во 2008 година, каде животот го загубиле најмалку осум лица, а околу 100 биле повредени. Во текот на Првиот масакр во Сан Фернандо во 2010 година, Лос Зетас убиле 72 имигранти, а следната година во Вториот масакр во Сан Фернандо биле убиени 193 лица. Масакрите и јавните погубувања имаат за цел да втераат страв во коски на противниците на Зетас. Со 11 мексикански држави под своја контрола, Лос Зетас е картел кој ја контролира најголемата територија на Мексико.

Витези Темплари

Витези Темплари картелот е мексиканска криминална организација основана откако водачот на картелот Ла Фамилиа го напуштил тој картел во 2010 година. Витези Темплари своето име го добиле по Темпларскиот ред од Средниот век, кој го штител Ерусалим, а нивните платени убијци имаат обврска да ја штитат заедницата и да ги држат во тајност сите активности или нивните семејства ќе бидат убиени.

Витези Темплари себеси се сметаат за заштитници на заедницата Мичоакан. Кога првпат се појавиле во јавноста ширум државата истакнале повеќе од 40 нарко мантили, или знамиња на нарко картели, со порака дека ветуваат безбедност. – Наша обврска е да го чуваме редот, да спречуваме кражби, киднапирања, рекетирања и да ја штитиме државата од сопернички организации – изјавиле тогаш.

По една недела, нивната прва жртва била обесена на надвозник со порака во која се тврдело дека бил киднапер. Со масакрите Витези Темплари многу брзо стекнале брутална репутација во веќе доволно варварскиот судир во кој нарко картелите се натпреваруваат околу тоа кој треба најмногу да се плати.

Членовите на Витези Темплари се третирани како ѕвезди, како што рекол еден од нивните членови кога го прашале: Моите денови се блескави, затоа што сум како уметник. Сите ме поздравуваат, се фотографираат со мене и сакаат да ме поканат некаде да дојдам. Кога ќе дојдам ме чекаат шишиња. Вредеше да се стане член на Витези Темплари. Сега имам жени кои можам да ги бирам, само велам ти – да, ти – не. Добивам и подароци, злато, облека и многу работи.

Халиско Нова Генерација картел (ЦГНЈ или Мата Зетас)

Основан во 2009 година, кога тројца луѓе биле најдени мртви во напуштен камион со порака: Ние сме нова група Мата Зеас, ние сме против киднапирања и рекет и ќе се бориме против нив во сите држави за почисто Мексико.

По смртта на нарко босот Игнасија Коронела Вијареал во 2010 година, Мата Зеасите објавиле војна на сите други мексикански картели и објавиле намера да преземат контрола над Гвадалахара. Меѓутоа, до средина на летото групата наводно повторно се обединила со претходните партнери, картелот Синалоа.

ЦГНЈмоментално се бори против Лос Зетас за контрола над градовите Гвадалахара, Халиско и Веракруз.

Членовите на овој картел направиле многу масакри, вклучувајќи го и масакрот во Веракруз во 2011 година. 35 лешеви се најдени во камион покрај шопинг центарот во Веракруз со пораката: Нема повеќе рекет, нема повеќе убивање на невини луѓе! Зетасите во државата Веракруз и политичарите кои им помагаат.

– Ова ќе ви се случи и на вас или ќе ве убиеме како што ве убивавме. Народот на Веракруз не поднесува рекетирање; не плаќајте заштита; ако ја плаќате, тоа е затоа што сакате. Тоа е единствена работа која овие луѓе Лос Зетасите ја можат. Оваа територија има нов газда.

ЦГНЈ е одговорен за 36 убиства на 6 октомври 2011 година, како и за уште 67 убиства следниот ден. Како одговор на многубројните егзекуции на нарко картелите, федералната влада покрена Операција Безбеден Веракруз, воена операција во државата Веракруз.

– Од првиот ден од моето доаѓање на власт, безбедноста беше приоритет во однос на состојбата со која се соочува нашата држава. Во случајот со Веракруз безбедноста се обезбедува во координација со федералната влада – рече гувернерот Хавиер Дуарте де Очо.

Заливски картел (ЦДГ)

Активен долж мексиканскиот брег во Мексиканскиот залив, ЦДГ е најверојатно најстара криминална организација, основана во 1930 година, од страна на шверцерот Хуан Непомусена Гере. – Заливскиот картел е одговорен за транспорт на огромна количина на кокаин, метамфетамини, хероин и марихуана од Колумбија, Гватемала, Панама и Мексико во САД, како и за распределбата на тие наркотици внатре во САД – наведува ДЕА.

Покрај Лос Зетас, Заливскиот картел е банда со најголем број на киднапирања во Мексико. Одговорен е за перење на пари, подмитување, трговија со оружје, наведување на злосторства, обиди за убиства и рекетирање.

По разидувањето со Лос Зетас, Заливскиот картел изгубил многу важни водачи, а внатрешните борби довеле до бројни убиства и апсења како во Мексико, така и во САД.

Синоала картел (ЦДС, познат и како Гузман-Лоера организација, Пацифички картел и Крвен сојуз)

Американската разузнавачка служба го смета за најмноќна организација за трговија со дрога на светот.

– Синаола картелот станувал се помоќен откако Гузман (мексикански нарко бос на чело на ЦДС) побегнал од мексиканскиот федерален затвор пред 10 години, криејќи се во камион со нечисти алишта, дури и откако преодната влада на Мексико, вклучувајќи ја владата во Калдерон, биле соочени со обвиненија дека недоволно го притискале Синало картелот како другите банди – се наведува во извештајот на Американската разузнавачка агенција.

Синаола контролира преку 17 мексикански држави и најмногу се бави со шверц на колумбиски кокаин, мексиканска марихуана и метамфетамини.

Картелот се вселил во градот Хуарез во 2008 година и влегол во судир со Хуарез картелот кој го водел Висенте Кариљо Фуентес. Борбите го навеле мексиканскиот претседател Фелипе Калдерон да испрати илјадници војници во градот. Насилството резултирало со смрт на над 5.000 луѓе, правејќи го Хуарез еден од најсмртоносните градови во светот.

Национална географија

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Горан Наумовски

Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори