Пет лица загинаа, а 26 се ранети во новите судири на верска основа во либанскиот град Триполи, кои се испровоцирани од конфликтот во соседна Сирија, изјавија претставници на силите за безбедност.
Еден војник загина, а неколкумина се ранети, кога армијата интервенирала за да ја смири ситуаицјата. Судирите избиле меѓу алавитите, кои го поддржуваат режимот во Сирија и сунитите.
Во Триполи, каде мнозинството од населението се сунити, чести пати избувнува насилство, испровоцирано од конфликтот во Сирија. Едно лице загина во судирите во вторникот и најмалку 12 во судирите во декември.
Верските поделби на жителите на Трополи го претвори градот во кризна точка во Либан. Конфликтот во Сирија сепак се прошири и во пограничните области и дури и главниот град Бејрут стана спорадична арена на насилство.
Алавитското малцинство во Сирија е главна потпора на режимот на претседателот Башар ал Асад, а бунтовниците се претежно претставници на сунитското малцинство.
Либан, кој во период од 30 години беше под хегемонија на Сирија, е длабоко поделен на приврзаници и противници на Асад.