Пет лица загинаа, десетици се ранети во напад врз бегалски камп во Ирак

Од:

Пет лица загинаа, а најмалку 40 се повредени изутрината во напад врз камп за бегалци од иранска опозиција покрај Багдад, соопштија ирачките сили за безбедност.

Специјалниот пратеник на Обединетите нации во Ирак, Мартин Коблер побара од ирачките власти итно да почнат истрага во врска со нападот, за кој се уште никој не ја презел одговорноста. Ова е прв напад врз новиот камп, каде минатата година беа преместени околу три илјади опозиционери.

Во нападот, кој е извршен со ракети и минофрлачи, загинаа пет членови на иранската опозициска групација „Муџахедини на народот“ и во него се ранети најмалку 40 лица, изјавија двајца претставници на ирачките сили за безбедност.

Иранската опозиција во егзил соопшти од своето седиште во Париз за шестмина загинати и 50 ранети.

Според припадник на ирачките сили за безбедност во нападот врз кампот се истрелани најмалку 40 ракети и мини.

„Муџахедини на народот“ се главниот учесник во Националниот совет на иранскиот отпор. Создадена во 1965 година, за да го собори режимот на шахот, а потоа насочена кон борба против исламистичкиот режим, групацијата беше протерана од Иран во ’80-те години на минатиот век. Повеќето нејзини членови се населија во ирачкиот град Ашраф за време на војната со Иран (1980-1988), а режимот на Садам Хусеин ги поддржа, бидејќи изведуваа вооружени напади врз Иран.

Иранските опозиционери, кои минатата година пребегнале во Ирак, беа префрлени од Ашраф во кампот Хурија, покрај Багдад. Спогодбата меѓу Ирак и ОН од 2011 година предвидува кампот да биде транзитна точка пред нивното заминување од земјата.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија