Пет лица го изгубија животот во пожар во парискиот регион

Од:

Пет лица го загубија животот во пожарот на една зграда во Женевилие (париски регион) и осумнаесет се повредени, јавува дописникот на МИА од Париз.

Сите пет лица, меѓу кои и едно дете се наоѓале во ист стан на петтиот спрат од зградата.

Во гаснењето на пожарот беа вклучени стотина пожарникари и тие успеаа да го згаснат околу 6 часот изутрината.

Пожарот започнал во станот на 4 спрат во една зграда која била добро одржувана според пожарникарите, пред да се прошири на петтиот спрат. Жителите на зградата кои биле на шестиот кат биле евакуирани со скала од пожарникарите и меѓу спасените имало и бебе кое било полесно повредено.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз