Пет лава рано утринава успеале накратко да побегнат од зоолошката градина Таронга во Сиднеј којауспеа навреме да алармира и да ги засолни посетителите. Биле видени надвор од заградениот простор во 6:30 часот по локално време, иако тие сè уште биле во областа оградена од остатокот од зоолошката градина. Чуварите успеале да вратат едно младенче, а другите сами се вратиле.
Зоолошката градина соопшти дека за помалку од 10 минути им соопштиле на посетителите дека лавовите избегале, а потоа потврдиле дека лавовите се вратиле во нивната куќа до 9 часот наутро, објавија локалните медиуми. Никој не е повреден, а зоолошката градина се отвори како и обично.
Did you catch tonight’s ep of Taronga: Who’s Who in the Zoo? Tonight we saw the incredible contribution both zoos had in establishing Taronga’s Lion pride. Now, just over 12 months on just look at how far Taronga’s five Lion cubs have come! 🦁🦏🐅#forthewild pic.twitter.com/KGTXJTFHlp
— Taronga Zoo (@tarongazoo) October 7, 2022
„Зоолошката градина има многу строги безбедносни протоколи за таков инцидент и беше преземена итна акција“, рече извршниот директор на зоолошката градина Таронга, Сајмон Дафи на прес-конференција.
Breaking @9NewsSyd: Reports four lions have escaped their enclosure at Taronga Zoo, but are still on zoo grounds. pic.twitter.com/BI5pz0EXZS
— Mackenzie Price (@mackenziepricee) November 1, 2022
Во зоолошката градина била повикана полиција, а персоналот ги оддалечил посетителите подалеку од потенцијална опасност.