Пет дена по земјотресот спасен e маж од под урнатините во Мјанмар, досега се загинати 2.886 лица

Од:

Бројот на загинати во разорниот земјотрес во Мјанмар се искачи на 2.886, а 4.639 лица се повредени, а 373 се уште се водат како исчезнати, соопшти денеска информативната служба на владејачката воена хунта.

Исто така, беше објавено дека 26-годишен хотелски работник бил спасен денеска од урнатините на урнатиот хотел во мјанмарската населба Најпида, пет дена по земјотресот со јачина од 7,9 степени според Рихтеровата скала што ја погоди земјата, јави Ксинхуа.

Две лица останаа заробени под урнатините на хотелот, а спасувачките тимови од мјанмарската и турската противпожарна служба успешно извлекоа еден преживеан на безбедно, соопшти информативниот тим на владата на Мјанмар.

Операцијата во хотелот започнала околу 15 часот по локално време во вторникот, а мажот бил спасен околу 00:30 часот по локално време денеска, се вели во соопштението.

Во тек се операции за лоцирање и спасување на останатите затрупани лица, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Два земјотреса за еден час во Романија

А1он

(ВИДЕО) Објавена е „црвена тревога“ во епицентарот на земјотресот на Филипините

Горан Наумовски

Земјотрес од 7,6 степени ги погоди Филипините, издадено e предупредување за цунами

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Јадранското Море

Земјотрес со јачина од 3,5 степени ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Силен земјотрес во близина на Истанбул, граѓаните во паника бегаа на улица