Песков: Воената цензура во Русија е без преседан, но е оправдана

Од:

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека нивото на воена цензура во Русија е без преседан, но верува дека таквата практика е оправдана во контекст на „специјална воена операција“ (СВО) и војна што, како што изјави, се води и во информативниот простор.

„Ова е време на воена цензура што е без преседан за нашата земја.

Војна се води и во информативниот простор, а овој режим сега е оправдан“, рече Песков во интервју за списанието „Експерт“, објави ТАСС.

Коментирајќи го затворањето на одредени медиуми, Песков нагласи дека „не треба да ја заборавиме ситуацијата во која се наоѓа земјата“.

Тој нагласи дека би било „погрешно да ги затвориме очите пред медиумите што намерно се обидуваат да ја дискредитираат Русија“. Песков не именуваше конкретни медиуми, но додаде дека борбата против дезинформациите мора да се води во согласност со актуелните безбедносни предизвици, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Песков: Меѓународното право повеќе не постои, заменето е со беззаконие

Горан Наумовски

Песков: Киев знае што е потребно за успешни преговори, но ситуацијата се влошува

Песков: Нема потврда дека ќе се одржи нова рунда преговори за Украина

Песков: Полска и балтичките земји ја демонизираат Русија, а тоа е голема грешка

Кремљ: Трамп би станал историска фигура со анексија на Гренланд

Москва застана зад Трамп: Зеленски ја блокира можноста за договор