Песков: Убиството на Татарски е терористички чин

Од:

Убиството на воениот известувач Владлен Татарски е терористички чин, а за инцидентот веднаш e информиран претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави денеска на новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Ова е терористички чин, јас и вие го видовме соопштението на Националниот антитерористички комитет. Сега фазата на истрага е активна, се преземаат енергични чекори за приведување на осомничените. Да бидеме трпеливи во секој случај и да ги чекаме изјавите на нашите специјални служби кои работат. Постојат докази, судејќи според соопштението на Националниот антитерористички комитет, дека во планирањето на овој терористички напад можеби биле вмешани и украинските специјални служби и секако, се работи за терористички напад – повтори Песков, пренесе ТАСС.

Рускиот национален комитет за борба против тероризмот претходно денеска тврдеше дека нападот врз познатиот воен известувач Владлен Татарски го планирале украинските специјални служби со учество на агенти од редовите на поддржувачите на Антикорупцискиот фонд на Алексеј Навални.

Како што се наведува, нападот го планирале „специјалните служби на Украина со учество на агенти од редовите на лица кои соработуваат со таканаречениот Фонд за борба против корупцијата на Навални, чиј активен поддржувач е притворената Дарија Трепова“, објави РИА Новости.

Гувернерот на Санкт Петербург, Александар Беглов изјави дека извршителите на бомбашкиот напад на кафулето во тој град, каде што беше убиен воениот известувач Владлен Татарски, се обидувале да посеат паника меѓу населението, но дека нема да успеат.

Би можело да ве интересира

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај „Мавровка“

Русија има цел список со услови за примирје

Во двор ја задави со голи раце екс партнерката, соседите ја најдоа мртва

А1он

Косачев: Сите договори ќе бидат по наши услови

Русите зазедоа големи упоришта на вооружените сили на Украина

Украина: Сега целиот свет ќе види кој навистина сака мир