Песков: Со изјавата за нуклеарното оружје, Макрон всушност ги критикуваше САД

Од:

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, иронично реагираше на изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за недозволивото поставување нуклеарно оружје од една земја на територијата на друга и рече дека тоа се всушност „жестоки критики на САД од страна на францускиот претседател“.

„Помина долго време откако не слушнавме толку жестоки критики за САД од претседателот на Франција“, иронично ја коментираше Песков изјавата на Макрон за телевизијата „Русија 1“, пренесува ТАСС.

Претходно, на прес-конференција во Пекинг, Макрон изјави дека Франција се противи на распоредување нуклеарно оружје надвор од територијата на земјата што го поседува.

На 25 март рускиот претседател Владимир Путин објави дека на барање на Белорусија Русија ќе го распореди своето тактичко нуклеарно оружје во таа земја, што, според ТАСС, САД долго време го прават на територијата на своите сојузници.

Би можело да ве интересира

Кремљ ги споредува најавите на Трамп за заземање на Гренланд со руските анексии во Украина

Макрон го критикуваше мешањето на Маск во изборите во Европа

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски

Макрон прогласи национална жалост за жртвите на циклонот „Чидо“

Ле Пен: Се подготвувам за предвремени претседателски избори, времето на Макрон заврши

Горан Наумовски

Макрон: Мировниот договор во Украина мора да вклучи Украинци