Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Од:

Русија го цени и негува пријателството со Србија и сака таа да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен, систематски развој, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Србија ни е драга земја. Ние сме врзани со заеднички историски корени, го цениме нашето пријателство, нашата соработка и ќе продолжиме да соработуваме. И им посакуваме на нашите српски браќа да ги решат сите проблеми што е можно поскоро и да се вратат на мирен, уреден развој, нагласи Песков.

Одговарајќи на новинарско прашање дали српските власти побарале поддршка од Москва, тој рече дека не побарале помош и дека „српското раководство е способно да се справи со сопствените проблеми“.

Би можело да ве интересира

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Путин е отворен за разговори со Украина за ненапаѓање цивилни цели

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Песков: Украина не треба да стане членка на НАТО, бидејќи тоа e закана за Русија