Песков: Русија никогаш нема да зборува за размена своите територии

Од:

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија никогаш не разговарала и нема да разговара за прашањето за размена на своите територии.

„Тоа е невозможно. Се разбира, украинските единици ќе бидат протерани од руска територија или уништени“, нагласи Песков, коментирајќи ја изјавата на украинскиот лидер Володимир Зеленски дека не исклучува некаква територијална размена со Русија.

Според него, рускиот претседател Владимир Путин и Русија се отворени за мировни преговори, што, како што рече, е конзистентна позиција на Москва.

„Претседателот Путин постојано изјави дека тој и Руската Федерација се отворени за мировни преговори. Позицијата на Русија е апсолутно транспарентна, конзистентна и позната во светот“, изјави Песков за новинарите.

Тој оцени дека Русија никогаш не претставувала закана за НАТО, но, како што наведе, сојузот со нејзината воена инфраструктура постојано се приближува до границите на земјата.

„Сите знаат за овој процес. Тука нема место за какви било несогласувања. Ова е реалноста со која моравме да се справиме во текот на модерната историја“, рече Песков.

Би можело да ве интересира

САД ја притискаат Украина да постигне мировен договор со Русија до јануари: Киев стравува од големи отстапки

Предраг Петровиќ

Во руски напад врз Криви Рих загина медицинска сестра – 20 луѓе се ранети

А1он

1.144 деца загинаа или се повредени годинава во Украина

А1он

Париз би можел да ја промени политиката кон Москва и Киев по претседателските избори

Русија изврши масовен напад врз Киев и неколку украински региони, оштетени се три моста

Горан Наумовски

Зеленски: Постои огромна шанса за мир доколку САД навистина извршат притисок врз Путин