Песков: Русија и САД имаат многу проблеми

Од:

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денеска изјави дека списокот на спорни точки во односите меѓу Русија и САД е „толку огромен“ што е тешко да се избере приоритет за дискусија.

„Ова не е единственото прашање што може да и се постави на американската страна. Агендата на проблеми е толку голема што би било погрешно да се издвои едно прашање како приоритет“, рече Песков, одговарајќи на прашањето на ТАСС дали има надеж дека со доаѓањето на тимот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за отстранување на пречките за нормално функционирање на руското претставништво во ОН.

„Рано е да се шпекулира за надежи“, додаде Песков.

Претходно, рускиот премиер Михаил Мишустин се сретна со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во Баку.

Тој изрази загриженост поради, како што рече, незаконските американски визни ограничувања, кои ги спречија руските претставници да учествуваат во активностите на телата на Генералното собрание на ОН.

Би можело да ве интересира

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот