Песков: Решавањето на конфликтот во Украина е невозможно без разговори за европската безбедност

Од:

Сеопфатно решение на украинскиот конфликт е невозможно без да се разгледа прашањето за паневропската безбедност, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Се разбира, сеопфатно решение, долгорочно решение, одржливо решение (во Украина) е невозможно без сеопфатно испитување на безбедносните прашања на континентот“, рече тој, откако американски официјални лица изјавија дека ЕУ нема да има место на преговарачката маса, но дека интересите на регионот ќе бидат земени предвид.

Песков истакна дека Украина, како суверена земја, има право да се приклучи на Европската унија, бидејќи таа е економска, а не воена заедница, пренесува ТАСС.

Би можело да ве интересира

Зеленски призна: „Ситуацијата е напната“

Калас: Mоже да заборавиме на заем од 90 милијарди евра за Украина

Зеленски: Русија бара Украина да се повлече од Донбас во рок од два месеци

29 лица загинаа откако се урна руски воен транспортен авион во Крим

„Црниот план“ на Путин и пропагандната војна: Фронтот ќе „експлодира“ во април

Калас вети во Киев дека ќе ја повика Русија на одговорност