Песков: Разговорите Путин-Трамп може да се одржат пред крајот на февруари или подоцна

Од:

Разговорите меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп би можеле да се одржат пред крајот на февруари или подоцна, изјави денеска портпаролот на рускиот лидер Дмитриј Песков.

„Западните медиуми пишуваат многу, нашите пишуваат многу… Можеби да, можеби не“, рече Песков, одговарајќи на новинарско прашање дали преговорите меѓу Путин и Трамп би можеле да се одржат пред крајот на февруари, пренесува РИА Новости.

Песков повика да се чекаат првите опипливи резултати од почетокот на преговарачкиот процес меѓу Русија и САД и изјави дека „ни претстои многу работа“.

„Има многу работа, првиот важен чекор е направен. Сè уште е рано да се извлечат какви било заклучоци од она што се случи. Моментумот е многу добар, расположението е деловно, расположението е да се продолжи со работа. Ќе ги чекаме првите опипливи резултати“, рече тој.

Тој истакна дека односите меѓу САД и Русија биле намерно нарушени од претходната американска администрација и „треба реанимација, а потоа реставрација“.

Би можело да ве интересира

Бомбардерите Б-52 полетаа кон Иран

Иран до Трамп: Не ти се плашиме, иранската цивилизација ги преживеала заблудите на непријателите илјадници години

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ултиматумот на Трамп предизвика хаос: Иранците формираат „човечки штитови“ на мостовите

Готово е, Иран ја прекинува комуникацијата со САД

Венс испрати застрашувачка порака до Техеран; Иран има рок до вечерва, во спротивно..

Техеран му одговари на Трамп: Нашиот напад ќе го прекине протокот на нафта од регионот, не ги преминувајте црвените линии