Песков: Путин и Трамп никогаш не разговарале за заканата од Русија за НАТО

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп никогаш не разговарале за наводната закана што ја претставува Русија за земјите од НАТО, изјави денес портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

„Сериозните луѓе никогаш не поставуваат такво прашање“, рече Песков.

Портпаролот на Кремљ нагласи дека „имагинарна, ефемерна закана од Русија е техника што се користи за изнудување пари од даночните обврзници, истите озлогласени пет проценти (од БДП за одбрана на членките на НАТО).“

„Ова е метод што се користи за изнудување пари и продолжување на снабдувањето на Украина со оружје“, рече Песков, пренесе Интерфакс.

Би можело да ве интересира

Кошта: ЕУ може да разговара со Русија за многу прашања

Соборени се 250 дронови што се движеа кон Москва

Трамп: Путин можеби малку му помага на Иран

Унгарија ги блокира санкциите кон Русија

„Едниствен победник од војната во Иран е Русија“

Руската одбрана собори 72 украински дронови