Песков: Путин и Алиев продолжија да разговараат за соборувањето на авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев денеска повторно телефонски разговараа за падот на азербејџанскиот авион кај Актау, соопшти Кремљ.

„Путин и Алиев во денешниот телефонски разговор продолжија да разговараат за различни прашања поврзани со соборувањето на авионот на Азербејџан ерлајнс“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува РИА Новости.

Двајцата лидери претходниот ден разговараа за трагедијата со патничкиот авион и Путин му се извини на Алиев за тоа што авионската несреќа се случи на небото над Русија.

Тој уште еднаш изрази длабоко и искрено сочувство до семејствата на жртвите и на повредените им посака брзо закрепнување.

Алиев претходно денеска во интервју за азербејџанската телевизија изјави дека авионот бил случајно погоден и дека не може да стане збор за намерен терористички чин.

Би можело да ве интересира

Песков: Можен е нов разговор меѓу Путин и Трамп

А1он

Поради пожар, авион на Јунајтед ерлајнс беше принуден принудно да слета

Таткото на Илон Маск: Би било глупаво да не му се восхитуваме на Путин

А1он

Кремљ: Путин и Трамп веќе нема да разговараат по телефон

Трамп: Сакам Путин да постигне договор со Украина

Горан Наумовски

Кремљ: Путин останува отворен за разговори со Трамп, тоа може да се случи многу наскоро