Песков: Притисокот врз некои земји да се откажат од набавка на „Спутник V“ е без преседан

Од:

Официјален Кремљ денеска објави дека притисокот врз некои земји да се откажат од набавка на руската вакцина „Спутник V“ против Ковид-19, е без преседан, но и дека ваквите напори немаат шанса за успех.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков ваквите оценки ги даде по прашањето да го коментира извештајот на американската влада, кој покажа дека САД се обидоа да го одвратат Бразил од купување на вакцината „Спутник V“.

Песков рече дека Русија е против политизирање на ситуацијата околу вакцината, пренесува Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот