Песков: Постојано го повикуваме Киев да престане да убива Руси

Од:

Русија продолжува да го повикува режимот во Киев да престане да ги испраќа своите граѓани во смрт и да убива Руси во Украина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за телевизијата „Русија 1“.

Како што истакна тој, Русија многупати „го повика режимот во Киев да престане да убива Руси во нивната земја и да го испраќа нивниот народ во смрт“.

На прашањето за интересот на Вашингтон за решавање на конфликтот, Песков рече дека САД не се грижат за Украина, туку ја користат таа земја како алатка за обиди да и нанесат „стратешки пораз“ на Русија.

„Во овој момент Украина е алатка за Западот да се бори против нас. Тие се обидуваат да не задржат и сакаат да ни нанесат, како што велат, стратешки пораз“, рече Песков.

Зборувајќи за новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Песков рече дека за време на неговиот прв мандат како претседател на САД, Трамп не можел „да се оттргне од стратешкото ограничување на Руската Федерација, цел што ја започна неговиот претходник Барак Обама“.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски