Песков: Подготвени сме да разговараме за продолжување на транзитот на гас во Европа преку Украина

Од:

Продажбата на гас е комерцијален потфат и ова е перспективата од која Русија гледа на можното продолжување на транзитот на гас во Европа преку Украина, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој изјави дека тоа е така бидејќи кога „има продавач на гас, има и потенцијални купувачи“, пренесе ТАСС.

„Ако купувачите покажат интерес, ако функционира транзитната рута, тогаш, се разбира, продавачот ќе биде подготвен да разговара за сето ова. Никој ништо не негира или одбива“, рече Песков.

Тој ги коментираше шпекулациите дека евентуалното префрлање на контролата врз гасоводот во Украина на САД ќе биде од корист за Русија, апелирајќи да не се политизира ситуацијата со транзитот на гас.

„Сепак, доколку новиот сопственик се согласи да потпише договор со Гаспром, ние сме подготвени да преговараме за нашиот гас, бидејќи тоа е чисто комерцијално прашање“, изјави портпаролот на Кремљ во интервју за францускиот магазин Le Point.

Би можело да ве интересира

Вeнс: Завршувањето на војната во Украина е потешко отколку што мислеше Трамп

Украинците сè повеќе не му веруваат на својот претседател

Зеленски прогласи „победа“: Ја браневме слободата и знамето

Горан Наумовски

Масовен напад во Украина, „таргети“ се Киев, Харков, Запорожје и Криви Рог

Вашингтон со порака: Приоритет е прекин на убиствата во Украина

Москва: Без сеопфатен договор, нема крај на конфликтот