Песков: Нема вмешаност на Русија во обидот за државен удар во Германија

Од:

Кремљ денеска соопшти дека нема докази за вмешаност на Русија во десничарскиот заговор за организирање државен удар во Германија.

-Се чини дека ова е проблем во Германија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека не станува збор за руска вмешаност.

Германските обвинители соопштија дека еден од обвинетите се обидел да контактира со руските претставници, што десничарската група го гледала како врска со воспоставувањето нов поредок, но нема докази дека руските претставници одговориле на барањето.

Рано утринава, 25 осомничени членови и поддржувачи на екстремно десничарска терористичка група беа приведени за време на рации низ 11 сојузини држави на Германија, соопшти германското Сојузно обвинителство.

Уапсените осомничени се дел од терористичка група чија цел била уривање на постојниот државен поредок во Германија, што не го исклучи насилството како средство за постигнување на целта, се наведува во соопштението на обвинителството.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он

Политико: Германската крајна десница користи вештачка интелигенција за да освои гласови

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено

Песков: Разговорите Путин-Трамп може да се одржат пред крајот на февруари или подоцна

Песков: Решавањето на конфликтот во Украина е невозможно без разговори за европската безбедност