Песков: Недозволиво е на Сиријците да им се наметнува решение однадвор

Од:

Кремљ смета дека е недозволиво на Сиријците однадвор да им се проектираат патиштата за развој на нивната земја. Ова е позицијата на Русија за надминување на сирискиот конфликт, напомена денеска прес секретарот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, замолен да ја искоментира изјавата на американскиот претседател Барак Обама, според кого стратегијата на Москва во Сирија е погрешна.

-Сметаме дека е недозволиво на Сиријците однадвор да им се наметнува кој пат да го фатат, подвлече Песков и напомена дека рускиот претседател, Владимир Путин, повеќе пати има кажано дека „самите Сиријци треба да ја определат иднината на Сирија“.

Москва мирно се однесува кон критиките на нејзиниот пристап кон сириската криза, подвлече Песков, истакнувајќи дека, меѓудругото, дека и онака уште никој не предложил разумна алтернатива на посочениот пристап.

-До ден денешен никој не може разумно да објасни што може да биде алтернатива на актуелното легитимно сириско раководство во зачувувањето на безбедноста во земјата, во борбата со расширената Исламска држава, во обезбедувањето единство на земјата. Тоа уште никој не може да го објасни. А критиката на руската линија на однесување за сириските проблеми, како тема, воопошто не е нова, забележа тој.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски