Песков: НАТО мораше да направи чудовиште од Русија за да го зголеми буџетот за одбрана

Од:

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека НАТО морал да „направи чудовиште од Русија“ за да ги зголеми трошоците за одбрана од два на пет проценти од БДП.

– И од гледна точка на претставниците на НАТО, природно е дека нашата земја е најсоодветна за улогата на чудовиште, рече Песков на прес-конференција.

Песков оцени дека НАТО е на патот на неограничена милитаризација, објави РИА Новости.

„Алијансата самоуверено се движи по патот на неограничена милитаризација, Европа се движи по патот на неограничена милитаризација. Ова е реалноста што нè опкружува, ова е реалноста што ја имаме на ум“, рече Песков.

Песков рече дека е залудно да се обидува да му се каже на Западот дека нема закана од Русија, одговарајќи на барањето на новинар да коментира за изјавата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, дека Русија наводно би можела да ги нападне земјите од Алијансата, објави Танјуг.

Руте во понеделник изјави дека на самитот на Алијансата во Хаг, кој започнува денес, ќе се одлучи за зголемување на трошоците за одбрана на пет проценти од БДП на земјите-членки.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Путин: За Русија постои само една линија на разграничување со Украина – државната граница

Русија изврши масивен напад врз Киев, погодени се енергетски објекти и складиште за муниција

„Секој педа руска земја ќе биде вратенa“ – нова порака од Москва

Најмалку три лица загинаа, а 11 се повредени во руски напад врз пазар во регионот на Одеса

Русија и Украина договорија голема размена на воени заробеници

Москва предлага пакт со НАТО