Песков: Кремљ позитивно ја оценува подготвеноста на Зеленски да преговара за мир

Од:

Кремљ позитивно ја оценува подготвеноста на украинскиот претседател Володимир Зеленски да преговара за мир, што тој го изрази во писмо до американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков сепак, потсети дека указот што претходно го потпиша Зеленски, со кој се забрануваат преговори со Москва, се уште е во сила, пренесува Интерфакс.

„Ние имаме позитивен став. Прашањето е со кого да седнеме на преговарачка маса. Засега останува на сила законската забрана за украинскиот претседател да води преговори со руската страна. Значи, генерално гледано, пристапот е позитивен, но нијансите се уште не се променети“, оцени Песков.

Трамп, во своето обраќање пред Конгресот во вторникот, рече дека Зеленски му испратил писмо во кое ја изразува својата подготвеност да преговара за мировно решение.

Би можело да ве интересира

Судбината на Сирски во рацете на Зеленски: Или ќе добие отказ, или ќе има истрага за Донбас

Путконен: „Режимот во Киев е како рането животно во агонија“

Зеленски призна: „Ситуацијата е напната“

Зеленски: Русија бара Украина да се повлече од Донбас во рок од два месеци

Захарова: Зеленски зема милијарди од ЕУ, а им се заканува на лидерите на земјите-членки

Песков: Киев продолжува со залуден отпор наместо да отвори пат кон мировен процес