Песков: Коментарот на претседателката на ЕМА за Спутник V е неточен и за жалење

Од:

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков го оцени денеска како „неточен и за жалење“ коментарот на претседателката на Европската агенција за лекови (ЕМА), Криста Виртумер-Хохе, која го спореди итното одобрување на вакцината Спутник В со играње руски рулет.

– Што се однесува до оваа изјава, таа е во најмала рака за жалење, а според наше мислење не е точна, истакна Песков на прес-конференција.

Тој нагласи дека побарувачката за вакцината и процесот на вакцинација во многу земји укажува на нејзината релевантност и популарност.

– Русија е против политизација на вакцините, имајќи го предвид фактот дека руската вакцина против Ковид-19 понекогаш се соочува со неоснована критика, додава Песков.

Според него, руската вакцина Спутник В е исклучително ефикасна.

Би можело да ве интересира

Песков: Обвинувањата на Америка за употреба на хемиско оружје се целосно неосновани

Москва му се закани на Западот со можна одмазда доколку се обиде да ги заплени руските средства

Песков: Во моментов нема услови за разговори меѓу Русија и Украина

Русија вели дека е подготвена за мировни преговори со Украина

Песков: Русија е во војна откако Западот интервенираше на страната на Украина

Горан Наумовски

Кремљ ги предупреди предавниците да не се враќаат во Русија

Горан Наумовски