Песков: Има телефонска врска меѓу Кремљ и Белата куќа, но не е активна

Од:

Американската администрација во заминување останува целосно посветена на продолжување на украинскиот конфликт, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува Анадолија.

Песков ги коментираше наводите дека американскиот претседател Џо Бајден одобрил испорака на противпешадиски мини во Украина.

„Ако го погледнеме општиот тренд на американската администрација во заминување, тие прават се што можат за да ја продолжат војната“, рече Песков.

„Вашингтон пост“ вчера објави дека американскиот претседател одобрил испорака на противпешадиски мини во Украина. Повикувајќи се на двајца неименувани американски функционери, весникот објави дека Киев ветил дека нема да ги распоредува во густо населените области.

Иако Украина ја поздрави одлуката, организациите за човекови права и застапниците за контрола на оружјето, вклучително и Меѓународната кампања за забрана на мините (ICBL), ја осудија одлуката.

Песков истакна дека Киев е потписник на Конвенцијата на Обединетите нации за забрана на противпешадиски нагазни мини, за разлика од Русија или САД.

За односите меѓу САД и Русија, Песков потврди дека постои телефонска врска меѓу Кремљ и Белата куќа, но дека таа во моментов е неактивна.

Песков го коментираше и изборот на Каролин Левит за прес-секретар во новата администрација на Доналд Трамп, велејќи дека не е запознаен со нејзината работа.

Портпаролот на рускиот претседател додаде дека последната комуникација на ниво на прес-секретар се случила за време на претседателствувањето на Барак Обама.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија