Песков: Денешниот говор на Путин ќе биде читан и препрочитуван уште неколку дена

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска треба да ѝ се обрати на јавноста, потврдија од Кремљ. Говорот треба да започне околу 15 часот по средноевропско време.

Путин ќе зборува пред учесниците на панелот организиран од московскиот „Валдаи” институт, со можност прашања да поставуваат независни новинари и аналитичари од западните земји.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека говорот на Путин ќе биде „анализиран, читан и препрочитуван уште неколку дена”.

– Тоа е главниот настан на денот што дефинитивно ќе треба подоцна да се анализира, неговата содржина да се проучува, чита и препрочитува – изјави Песков.

Темата на годинашниот собир е „Светот надвор од хегемонијата: правда и безбедност за сите”.

Би можело да ве интересира

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ