Песков: Безбедноста на руските граѓани и објекти во Сирија е најважна работа за Кремљ

Од:

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, денеска изјави дека прашањето за обезбедување на безбедноста на руските граѓани и објекти во Сирија е од најголема важност за Кремљ.

– Таму е лоцирана нашата база, таму е нашето дипломатско претставништво и, се разбира, прашањето за обезбедување на безбедноста на овие наши објекти е исклучително важно, тоа има значење на прво ниво“, рече Песков.

Песков посочи дека Русија сака ситуацијата во Сирија да се стабилизира што е можно поскоро, за да се отвори можноста дискусиите за подобрување на ситуацијата да се префрлат во правни рамки.

Песков не одговори директно на прашањето дали Кремљ смета дека специјалната операција во Украина придонела за слабеење на позициите на Русија на Блискиот Исток, но укажа на потребата да се тргне од реалноста што се развива „на теренот“.

Од крајот на ноември, вооружените бунтовници предводени од групата Хајат Тахрир ал-Шам зазедоа неколку големи градови во Сирија, вклучувајќи го и главниот град Дамаск, а претставниците на опозицијата на 8 декември на сириската државна телевизија објавија дека воспоставиле контрола над земјата.

Би можело да ве интересира

Песков: Разговорите Путин-Трамп може да се одржат пред крајот на февруари или подоцна

Песков: Решавањето на конфликтот во Украина е невозможно без разговори за европската безбедност

Песков: Западот не принуди на војна – имаме еден услов за преговори

Песков: Русија никогаш нема да зборува за размена своите територии

Горан Наумовски

Песков: Не потврдувам, ниту демантирам дека Путин разговарал со Трамп

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати