Песков: Ако на Грција и треба финансиска помош треба да ја побара од Русија

Од:

Кремљ смета дека ако Грција има потреба од финансиска помош треба да се обрати до Русија и да побара помош, но досега таква молба не е пристигната, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Запрашан дали Москва ќе и даде финансиска помош на Грција, тој наведе дека тоа прашање треба да биде адресирано до Атина.

– Ние повеќе пати сме кажале, а и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров изјави, дека досега не пристигнала молба за помош и таа тема не фигурира во нашите билатерални контакти со Грција, истакна Песков.

Тој наведе и дека Кремљ ги почитува резултатите од референдумот во Грција и со големо внимание го следи развојот на ситуацијата. Песков додаде и дека Грција не е на дневен ред и на средбата на високо ниво на БРИКС, што се одржува неделава во Уфа.

Би можело да ве интересира

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство