Конгресот на Перу денес едногласно гласаше за отстранување на претседателката Дина Буларте од функцијата, неколку часа откако сите парламентарни фракции побараа нејзино отстранување.
Претседателот на Конгресот, Хозе Хери, 38-годишен адвокат, положи заклетва како привремен претседател до крајот на мандатот на Буларте, објави АП. Изборите се закажани за следниот април, а нејзиниот мандат требаше да заврши на 28 јули 2026 година.
Хери рече дека ќе го брани суверенитетот на Перу и ќе му ја предаде власта на победникот на априлските избори.