Перу го протерува амбасадорот на Венецуела во знак на протест против новоизбраното Уставотворно собрание.
Амбасадорот Диего Молеро има рок од пет дена да го напушти Перу, соопшти Министерството за надворешни работи.
Министерството одби да го прими дипломатскиот протест на Каракас против одбивањето на 12 земји од регионот да го признаат Уставотворното собрание на Венецуела.
Перу во вторникот беше домаќин на министрите за надворешни работи од Јужна, Централна и Северна Америка, кои во заедничка изјава го осудија „уривањето на демократскиот поредок во Венецуела“ и нагласија дека не го признаваат Уставотворното собрание и сите одлуки, кои ова тело ќе ги донесе.