Перец ги повика САД на интервенција во Сирија

Од:

Израелскиот министер Амир Перец вчера ги повика САД да интервенираат во сиријската граѓанска војна, по информациите дека таму се користи хемиско оружје.

САД минатата недела предупредија дека постои можност за тоа, но Белата куќе вели дека се уште бара конечен доказ за употребата на хемиското оружје.

-Ние очекуваме кој и да ја дефинира црвената линија, да го стори потребното, а пред се САД и целата меѓународна заедница – изјави Перец.

Израелското воено лице Итај Брун од одделението за раузнавање и анализа, на неодамнешната конференција во Тел Авив, предупреди дека таквото оружје е употребено во соседна Сирија, која се уште официјално е во војна со Израел.

Брун прецизираше дека во Сирија се зголемува употребата на хемиското оружје и дека армијата испалува стотици ракети врз цивилното население.

-Постои голем арсенал на хемиско оружје во Сирија. Наша проценка е дека режимот на Асад користеше и се уште користи хемиско оружје – изјави Брун.

Тој предупреди дека употребата на оружје за масовно уништување, режимот на Асад може да ја смета за легитимна, бидејќи светот не реагира.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху, претходно најави дека Израел е подготвен да се брани доколку хемискиот арсенал на Асад и противавионската опрема дојде во погрешни раце.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Хамас најавува ослободување на следната група заложници во сабота

Горан Наумовски

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ