Полицијата во Мисури соопшти дека пензионерката Бони Гуч е уапсена во врска со нејзиниот трет грабеж на банка.
Гуч влегла во банката Гоперт и наводно и дала белешка на шалтерката во која барала илјадници долари во готовина.
Гуч веќе има две пресуди за грабежи на банки „зад себе“. Последен пат кога организирала грабеж во 2020 година, нејзиниот син рече дека излегла од куќата лута, велејќи дека „ќе ограби банка“.
Бони Гуч сега е во затвор, а нејзината кауција е одредена на 23.000 долари.
Носејќи црна маска „N95“, црни очила за сонце и гумени ракавици, таа влегла во банка и на шалтерската службеничка и подала белешка на која пишувало „Предајте 13.000 долари во мали апоени“.
Надзорната снимка покажува дека Бони Гуч удира по шалтерот во еден момент, наредувајќи им на вработените побрзо да ги предадат парите, соопштија обвинителите.
Полицајците од полициската управа одговориле на повиците за „грабеж во тек“ околу 15.20 часот по локално време и ја нашле Бони Гуч во нејзиното возило „наполнето со алкохол“, со готовина расфрлана на подот.
„Кога полицајците првпат ѝ пријдоа, беа некако збунети… Излезе мала старица“, изјави началникот на полицијата Томи Рајт за Kansas City Star.
„На почетокот не бевме сигурни дека ја имаме вистинската личност“ рече тој.
Првиот грабеж на банка на Бони беше во Калифорнија во 1977 година, а вториот во 2020 година, каде што наводно на шалтерката и подала роденденска честитка на која пишува „Ова е грабеж“.