Изидор Хојсак (78) од хрватското место Бедње не спие веќе 13 години, а се започнало откако заболел од карцином на бешика.
-Лекарите ми зборуваа дека тоа е можеби поради нерв, но никој со сигурност не утврди зошто не спијам-истакна пензионираниот Хојсак.
Болеста ја победил во 2002 година, но се уште продолжи да не спие. Вели дека ниту кога е многу уморен не успева да заспие.
-Веќе не знам што да пробам. Лекарите ми даваа некои таблети, но тие предизвикуваат зависност. Но, надевајќи се на најдоброто се обидов и со нив, но и тоа беше безуспешно. Потоа користев камилица, но и тоа не даде резултати. Очаен сум-вели тој, бидејќи од умор едвај може нормално да функцинира.
Хојсак вели дека би дал се на светот за да може да се наспие.
-Ноќе гледам телевизија или низ прозорот на улица. Седам на креветот и губам време-изјави пензионерот.
Елена Георгиевска