Пентагон: Украинските сили ја вратија контролата врз Херсон

Од:

Руските сили ја изгуби контролата врз Херсон, единствениот заземен голем украински град, изјави неименуван претставник на Пентагон.

Тој додаде дека во моментот украинските сили водат жестоки битки во Херсон и ги одбиваат руските напаѓачи таму, со што стратешки важниот пристаништен град повторно го прави „спорна територија“.

Неговото тврдење е спротивно на денешната изјава на генерал-полковникот Сергеј Рудској, началник на Главниот оперативен оддел на рускиот Генералштаб, кој наведе оти регионот Херсон е „под целосна контрола“.

– Враќањето на Херсон би било огромен удар за руските воените напори за заземање на украинскиот брег на Црното Море и јужното пристаниште Одеса. Загубата на Херсон, исто така, ќе е закана по руските војници кои се борат во блискиот град Николаев, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

Тој додаде дека руските сили зазедоа „одбранбени позиции“ во близина на Киев и нема знаци дека се движат.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина