Пентагон се уште ја проучува наредбата на Путин за ставање на готовоност на силите за нуклеарно одвраќање

Од:

Пентагон се уште ја проучува наредбата на рускиот претседател Владимир Путин да ги стави на готовоност силите за нуклеарно одвраќање и дека белоруските трупи се уште не се приклучиле на конфликтот во Украина.

„Ние се уште го следиме ова колку што можеме внимателно со оглед на вчерашната најава на претседателот Путин“, изјави висок претставник на американската одбрана.

„Не верувам дека видовме нешто конкретно како резултат на насоката што тој ја даде“, изјави тој на брифинг, јавија американските медиуми.

Вчера, четири дена по започнувањето на инвазијата на Украина, Путин објави дека им наредил на своите воени началници „да ги стават силите за одвраќање на руската армија во посебен режим на борбена служба“.

Но, западните власти велат дека нема видлива промена во ставот на моќниот нуклеарен арсенал на Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски