Пентагон: Русија не не информирала за затворање на коридорот за воена техника кон и од Авганистан

Од:

Пентагон досега не бил информиран од руските власти за затворање на коридорот за транзит на воена техника на НАТО преку Русија кон и од Авганистан, соопшти американското Министерство за одбрана, јави ТАСС.

– Што и да се случи за поддршка на нашите операции во Авганистан ние располагаме со повеќе варијанти за транспортирање во случај, некои маршрути да бидат оневозможени, се вели во соопштението.

На официјален сајт на руското правосудство на 18 мај беше објавен указ на руската Влада, со кој се укинуваат серија нормативно-правни акти, кои се однесуваат на организирање на транзитни превози кон и од Авганистан.

Во документот на руското Министерство за надворешни работи се препорачува да ги информира властите на други држави за укинувањето на копнениот и комбинираниот со други видови превоз коридор преку руската територија за пренос на оружје, воена техника и воен имот, наменети за меѓународните сили ИСАФ во и од Авганистан.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации