Пентагон: Русија и Кина се најголеми кибер закани за САД

Од:

Американската армија проценува дека Русија и Кина претставуваат најголема закана за кибер безбедноста на САД.

Во новата стратегија за кибер безбедноста, прва од таков вид изработена во мандатот на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, се оценува дека Русија влијаела врз американското население и се мешала во политичките процеси во земјата, додека Кина се обидува да украде доверливи податоци од американската Влада, како и од приватни компании.

– Пентагон ќе работи на тоа да ги попречи овие недобронамерни активности, пишува во стратегијата.

Во документот е предвидено единиците за кибер безбедност на САД да работат заедно со копнените, морските и воздушните сили на САД, како и со новоформираната вселенска воена служба.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Серија воздушни напади врз Киев

САД со ултиматум до Израел: Да се подобри хуманитарната ситуација во Газа

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Авионска несреќа во САД, загина пилот, еден патник е повреден

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина