Пентагон го извести Конгресот на САД за два предлог- договори со Ирак, со кои се предвидува достава на системи за противвоздушна одбрана и комуникациски системи во вредност од 2,7 милијарда долари.
Конгресот има рок од 30 денови да ги одобри или не договорите. Првиот проект, кој чини 2,4 милијарди долари, треба да се достават 681 зенитни ракети „Стингер“ со краток дострел, 40 мобилни борбени лансерни рампи и три ракетни батерии со 216 ракети „Хоук“ со дострел од приближно 50 километри.
Вториот договор во вредност од 339 милиони долари предвидува на Ирак да им се продадат 19 системи за мобилна радиоврска и 10 радиосистеми.