Пентагон планира да испрати војници во Чикаго

Од:

Пентагон разгледува план за испраќање војници на Националната гарда и војници на активна должност во Чикаго за да помогнат во спречувањето на зголемениот криминал и справувањето со растечкиот број бездомници и нелегални имигранти, објавува „Вашингтон пост“.

Според весникот, опцијата е да се мобилизираат најмалку неколку илјади војници на Националната гарда, додека како алтернатива се споменува и распоредување на редовни трупи. Исто така, се нагласува дека овој модел, доколку се покаже како успешен, би можел подоцна да се примени и во други поголеми американски градови.

Идејата за поголемо воено вклучување во внатрешните работи се појави откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нелегалните имигранти и бездомниците ќе „исчезнат“ од улиците на Вашингтон. Неколку дена подоцна, Пентагон веќе испрати околу 800 војници на Националната гарда во главниот град на САД за да ѝ помогнат на полицијата во борбата против криминалот.

Би можело да ве интересира

„Телеграф“: Украина испраќа борбени роботи на фронтот поради недостиг на војници

„Вашингтон пост“: Пентагон се плаши од иранска одмазда

Европа се подготвува да испрати војници на Гренланд

РИА Новости: Украински војници починаа од екстремен студ западно од Лиман

(ВИДЕО) Полеа девојка со бензин и ја запали во воз во Чикаго

А1он

Пентагон даде дозвола за трансфер на томахавки во Украина, се чека одлуката на Трамп

А1он