Пентагон и се закани на Турција поради рускиот противракетен систем

Од:

Пентагон ѝ се закани на Турција со „технички последици“ во случај да се реализира купувањето на рускиот противракетен систем С-400, пишува американскиот весник „Хил“.

Портпаролот на Пентагон, Чарлс Самерс изјави дека тоа многу лошо ќе се одрази на целокупната воена соработка на САД и Турција.

Турција, која е членка на НАТО, планира да купи руски ракетен систем, додека САД се обидуваат да ја убедат дека треба да се одлучи за нивниот систем „Патриот“.

Самерс рече дека Турција, ако купи С-400, нема да ги добие борбените авиони Ф-35, ниту системот „Патриот“.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги отфрли тие наводи, истакнувајќи дека одлуката веќе е донесена.

– С-400 е готова работа, нема враќање. Постигнавме договор со Русија. Имаме во план заедничка соработка. Можеби по С-400, ќе има и С-500, рече Ердоган за турскиот Канал 24.

Турција е партнер во производството на Ф-35. Деловите на авионите се прават во таа земја и Турција треба да добие 116 борбени авиони од петтата генерација.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија