Пенс: Сите опции на маса во однос на Северна Кореја

Од:

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави денеска дека сите опции се на маса кога станува збор за Северна Кореја.

Тој вели дека претседателот Доналд Трамп е одлучен да соработува со Јапонија, Кина и со Јужна Кореја во изнаоѓање мирно решение.

– Во ова турбулентно време јапонскиот народ живее со зголемени провокации преку Јапонското Море. Сто отсто сме со вас, изјави Пенс во Токио.

Тој му пренел на јапонскиот прмеиер Шинѕо Абе дека сојузот меѓу САД и Јапонија е камен темелник за мир и стабилност во североисточна Азија.

Пенс допатува во Јапонија од Јужна Кореја каде рече дека ерата на стратешко трпение со Пјонгјанг е готова, по неуспешното лансирање ракета на армијата на Северна Кореја.

Би можело да ве интересира

Американската војска започна депортација на мигранти, два авиони ги превезуваат првите групи во Гватемала

Предраг Петровиќ

Во САД се одржа голем митинг против абортусот, а зборуваше и новиот потпретседател: „Сакам што повеќе бебиња во земјата“

А1он

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

„Економист“: САД се најголемата сила во светот, но Трамп не може да војува со сите

Четиричлено семејство загина во пожар во станбен комплекс во Канзас Сити

САД: Крај на децениската имиграциска политика позната како државјанство со право на раѓање