Пенс се сретна со Ердоган во обид да се спречи турската офанзива во Сирија

Од:

Американскиот потпретседател Мајк Пенс попладнево во Анкара се сретна со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган со цел да се обиде да го убеди да ја запре офанзивата над курдските борци во североисточна Сирија. Турските власти се изјаснија дека операцијата, сепак, ќе продолжи.

Офанзивата создаде нова хуманитарна криза во Сирија со 200.000 раселени лица.

Трамп го обвинуваат дека ги предал курдските борци, главните партнери на Вашингтон во борбата за уништување на самопрогласениот калифат на Исламска држава во Сирија, со повлекување на трупите од границата кога Анкара ја започна офанзивата на 9 октомври.

Тој својот потег го бранеше како „стратешки одличен“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел