Пенс: САД се посветени на политичко и економско партнерство со ЕУ

Од:

САД се директно посветен на Европската унија и ќе работат со неа за подлабоко политичко и економско партнерство, изјави денеска во Брисел американскиот претседател Мајк Пенс.

– Не дели океан, но заедно сме во посветеноста на слободата, дмеократијата и владеењето на правото, рече Пенс по средбити во Брисел со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и со првиот човек на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, по средбата со Туск, на заедничка прес-конференија, Пенс потврди дека одговорил позитивно на трите барања на претседателот во Европскиот советот за заедничка борба на САД и ЕУ за меѓународен мир, безбедност и силни односи меѓу Унијата и новата американска Администрација.

Туск од своја страна рече дека слушнал зборови што се ветувачки за иднината од новата Админстрација во Вашингтон. Тој посочи дека на Пенс му укажал дека лично самиот е проамерикански Европеец, кој фанатично е посветен на транслатнатската соработка, па во тој поглед побарал од американскиот потпретседател три важни работи: соработка за обебзедување на меѓународниот мир, за безбедноста и за добри односи на новата американска администрација кон ЕУ.

– На овие три мои барања, потпретседателот Пенс одговори со решително „да“, посочи Туск.

Пенс, пак, на прес-конференцијата во Евросоветот го повтори она што го кажа во саботната Минхенска бебзедносн конференција за важноста на стратешкото сојузништво што САД со години го имаат со европските партнери во НАТО.

Тој и во име на американскиот претседателот Доналд Трамп, ја изрази силната посветеност на САД за соработка и партнерство.

– Какви и да се разликите, ние делиме исти вредности и цели, а тоа е да прмовираме мир и просперитет преку слобода, демократија и владеење на правото. Тука остнауваме посветени. Нашите економии се најголеми во светот и денеска ја повторуваме нашата посветеност на слободна и фер соработка. Задржување на економската виталност ќе бара тешки, но неопходни избори. Мора да сме силни и обединети во напорите против заканите кон европската безбедност и стабилност, исткана Пенс.

Американскиот потпретседател потсети на ланските бомбашки напади што се случија во Брисел, кога 33 лица беа убиени, од како што ги нарече „варварските терористи“, порачувајќи дека САД ќе сторат се што можат за партнерство со Европа, за да нема такви напади повторно.

Тој посочи дека се превземаат мерки со европската заедница во борбата против радикалниот исламски тероризам на континентот. Разузнавачките информации, според него се делат преку НАТО, а САД се посветени да продолжи соработката за колективната безбедност на луѓето.

Според Пенс, безбедноста на ЕУ и на Американците зависи од зголемената соработка во глобалната борба притив тероризмот и тука САД се партнер со Унијата.

– Во однос на ова, ние јасно стоиме заедно силно зад суверенитетот и територијалниот интгеритет на нациите во Европа против насилно менување на границите. Ние ја гарантираме безбедноста на Полска и балтичките земји преку присуството на НАТО, а во однос на Украина, САД ја сметаат Русија за одговорна, како и за спроведување на Договорот од Минск, така и за ескалацијата на насилствтоо во источна Украина. Ургираме до двете стрнаи да се држат до воздржување од оган во интерес на мирот. САД ја смета Русија одговорна и според Трамп, ќе бараме нови начини и заедничко тло со оваа земја, која нашиот претседател верува дека може да се најде, рече Пенс.

Пред средбата со Јункер, Пенс повтори дека САД се одлучни да продолжат да градат соработа и партнерство со ЕУ, додека челникот на Еврокомисијата истакна дека „глобалната безбедност зависи од добриот однос меѓу САД и ЕУ“.

– И на САД им е потреба силна и обединета Европска унија за гарантирање на безбедноста, вклучително и преку разбирање околу трошоците за одбрана за светската безбедност и стабилност. Економските односи со Американците се големи и важни и економијата на ЕУ зависи од размената со САД. Ова не е момент за Европа да се подели на поранешни провинциски категории, туку обединето да се бори против глобалните прашања, порача Јункер.

По средбата со Могерини пак Пенс дека администрацијата на Трамп бара начини „да ги продлабочи односите“ со ЕУ.

Пенс истакна дека е благодарен за можноста да ја посети Могериони и со неа „да ги разгледа начините за продлабочување на односите со ЕУ“.

Могерини нагласи дека ЕУ и САД имаат да завршат многу работа и веќе е поставен почетокот на разговорите.

Попладнево, американскиот потпретседател Пенс ја завршува својата посета на Брисел со средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени