Пенс: САД бараат начини за продлабочување на односите со ЕУ

Од:

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс денеска во Брисел изјави дека администрацијата на Доналд Трамп бара начини „да ги продлабочи односите“ со ЕУ.

Пенс во Брисел се сретна со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, при што истакна дека „е благодарен за можноста да ја посети и со неа да ги разгледа начините за продлабочување на односите со ЕУ“.

Могерини нагласи дека ЕУ и САД имаат да завршат многу работа и веќе е поставен почетокот на разговорите.

Американскиот потпретседател беше пречекан пред амбасадата на САД во Брисел од демонстранти, кои планираат да се заминат пред европските институции, каде подиоцна Пенс ќе разговара со претседатлот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер и и првиот човек на Европскиот совет, Доналд Туск.

Демонстрантите носат транспаренти, на кои се напишани критики за политиката на новата Влада во Вашингтон за климатските промени, миграцијата, правата на жените и здравството.

Во попладневните часови планирана е средба на Пенс и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени