Пелоси бара од Армијата да му ги одземе нуклеарните кодови на Трамп

Од:

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, денеска во писмо до своите колеги конгресмени пишува дека разговарала со началникот на Генералштабот на американската армија Мајк Мили да преземе чекори кои ќе го ограничат пристапот на претседателот Доналд Трамп до кодовите за евентуална употреба на нуклеарно оружје.

„Ситуацијата со овој незауздан претседател не може да биде поопасна и ние мораме да направиме се што можеме за да го заштитиме американскиот народ од овој неурамнотежен напад на нашата држава и на нашата демократија,“ напиша Пелоси во писмото до колегите конгресмени од Демократската партија.

Спикерката на Претставничкиот дом се распрашувала какви се процедурите за лансирање на нуклеарното оружје и дали има заштитни механизми кои би го спречиле „нестабилниот“ претседател „да нареди нуклеарен напад“.

Пелоси подоцна им кажала на конгресмените дека Мили ја уверил дека постојат чекори кои би го спречиле Трамп да нареди нуклеарен удар.

Би можело да ве интересира

Брнс се врати во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Појасот Газа

(ВИДЕО) После серија моќни торнада, 50 луѓе затрупани во урнатините во Мичиген

Горан Наумовски

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“