Пекинг во состојба на готовност поради нови случаи на Ковид-19

Од:

Пекинг е во состојба на готовност, а властите во кинескиот главен град најавија поинтензивно тестирање откако 10 средношколци беа позитивни на тест за Ковид-19.

По вчерашните позитивни тестови и откривањето на уште четири случаи на инфекција со коронавирус, независно од тестирањето, градските власти одлучија да ја прекинат наставата во училиштата на една недела.

Во континентална Кина денеска се потврдени 24.326 новозаразени, од кои повеќето се асимптоматски случаи во Шангај, каде се најавени строги рестриктивни мерки.

Кинеската политика на нулта толеранција за Ковид-19, масовно тестирање и строга блокада што ги спречи граѓаните да ги напуштат своите домови, спречи ширење на епидемијата и висока смртност кај заразените со коронавирусот, сметаат дел од експертите.

Сепак, последните настани во Шангај, кој е под строги мерки, го наметнаа прашањето дали таквата стратегија е добра. Многу жители на Шангај имаа тешкотии да се снабдат со храна за време на карантинот овој месец, а некои немаа ниту пристап до лекови или медицинска помош.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио