Пекинг му порача на Бајден: Не се обидувајте да не тестирате, Тајван е дел од Кина

Од:

Тајван е нераскинлив дел од Кина, странска интервенција е неприфатлива кога е Тајван во прашање, порача Кина по изјавата на претседателот на САД, Џо Бајден.

Кинеските власти денеска упатија критика и одговорија на изјавата на американскиот претседател, кој рече дека САД ќе го бранат Тајван доколку е потребно во случај на негов конфликт со Кина.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин ги коментираше изјавите на Бајден од вчерашниот форум на Си-Ен-Ен.

– Тајван е нераскинлив дел од Кина. Странска интервенција е неприфатлива кога станува збор за Тајван, рече Ванг.

Тој, исто така, нагласи дека Кина одлучно ги брани своите интереси и нема да отстапи од нив.

– Никој да не се обидува да ја тестира решителноста и капацитетот на Кина да го брани својот суверенитет и територијален интегритет, истакна Ванг.

Тој ги повика САД да го почитуваат принципот на интегритет на Кина и да не им даваат погрешни сигнали на сепаратистичките кругови во Тајван.

Би можело да ве интересира

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

Силен земјотрес во Тајван

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД