Претставници на Кина и на Јужна Кореја за нуклеарно вооружување денеска се договорија да преземат силни мерки против Северна Кореја доколку Пјонгјанг изведе нуклеарна проба или тестира лансирање на интерконтинентални балситички ракети.
Во Сеул денеска се одржа средба меѓу главниот претсатвник на Јужна Кореја за нуклеарно вооружување Ким Хонг-кјун со специјалниот кинески претставник за прашањата за Корејскиот Полуостров Ву Двеиј.
Средбата е одржана во време на зголемена загриженост дека Северна Кореја најверојатно подготвува нова нуклеарна проба.