Пауел: По се што се случи во Капитол веќе не сум републиканец

Од:

Поранешниот американски државен секретар, Колин Пауел, денеска изјави дека тој веќе не е републиканец по упадот на толпата луѓе во Капитол поттикнати од претседателот Доналд Трамп и, притоа, ја критикуваше и Републиканската партијата за поддршка на неговото однесување, јави Си-Ен-Ен.

-Тие го сторија тоа, така што не можам повеќе да се нарекувам републиканец. Јас во моментов не сум приврзаник на никого, јас сум само граѓанин кој гласаше и за републиканците и за демократите во текот на целата моја кариера. И сега, јас само ја набљудувам својата земја и не сум загрижен за партиите, му изјави Пауел на Фарид Закарија од телевизијата.

Зборовите на Пауел, важна фигура за Републиканската партиј, кој служеше во многу администрации и едно време се сметаше за потенцијален кандидат за претседател, го нагласуваат постојаното отуѓување на таканареченото републиканско елитистичко крило од модерниот тренд под Трамп.

Првиот црн државен секретар и претседател на Здружениот Генералштабот долго време го критикуваше Трамп и на изборите во 2020 година гласаше за избраниот претседател Џо Бајден, а и претходно во 2016 година гласаше против Трамп. Тој ги критикуваше републиканците дека во минатото не го осудуваа Трамп и во неделата предупреди на ставање на нивните политички интереси над американските.

-Требаше да знаат подобро, но тие беа толку преокупирани со нивната политичка репутација и никој од нив не сакаше да преземе политички ризик, рече Пауел. “Ова е тоа што ни треба. Ни требаат луѓе кои ќе ја кажат вистината, кои ќе запомнат дека се тука за нашите сограѓани. Тие се тука за нашата земја. Тие не се тука за да бидат повторно избрани“, рече Пауел.

Би можело да ве интересира

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија